За нас
Повеќе од една деценија постоење и нашето богато индивидуално искуство ја направи Фани-ком да биде компанија на која клиентите и веруваат за своите градежни проекти. Работиме на големи сложени проекти, како и на помали, но посветеноста и квалитетот ни е секогаш ист.
Почитување на договорени рокови
Дел од нашите вредности е почитување на договорен рок. Горди сме, затоа што можеме да се пофалиме дека секогаш ги почитуваме роковите.
Работиме по конкурентни цени
Работиме во рамките на вашиот буџет за да се осигураме дека ќе го добиете она што го сакате со користење на ефективни стратегии.
Богато портфолио
Нашето богатп портфолио вклучува проекти поврзани со изградба на индвидуални куќи, станбени објекти и деловни простори. Добивате шанса да работите со тим кој го познава комерцијалниот градежен бизнис внатре и надвор за уникатно искуство.
Работиме заедно со вас
Како врвна градежна компанија, ќе работиме со вас на вашиот проект, голем или мал. Заедно ќе ги прилагодиме вашите планови за нова градба или реновирање , инкорпорирајќи ги вашите посакувани дизајни и спецификации.
Услуги
Во Фани-ком ние сме специјализирани за изведба на висококвалитетни домови во Македонија, го постигнуваме тоа користејќи ја нашата експертиза за да ви обезбедиме професионална и комплетна услуга од почеток на проектот до крај.

Проектирање на сите фази
Секое проектирање има свои фази, од развивање на основната идеја според барањата на инвеститорот, до главен проект според кој објектот ќе се изведува а треба да ги содржи сите фази: архитектура, конструкции (статика), хидротехника (водовод и канализација), електрика, машинство и сите потребни елаборати. Фани-ком го проектира Вашиот објект со сите фази, според Ваши барања, сѐ додека да добиете одобрение за градба.

Надзор во тек на градба
Услуги за вршење на стручен надзор во тек на градба на објекти. Основна задача на надзорен орган е да ја контролира работата на теренот, да гарантира за изработката во согласност со проектната документација и одобрението за градење и да врши контрола на вградените материјали и количини.

Изградба на објекти
Изведба на објекти од високоградба (станбени згради, куќи, огради и поторни ѕидови) во сите фази на ископ, армирање и бетонирање на темелни плочи, бетонирање, малтерисување, ѕидарски работи, молерофарбарски услуги....и сите останати градежни работи.

Реновирање
Вршиме комплетно реновирање и уредување на станови и куќи. Без разлика дали станува збор за целосно реновирање, што вклучува целосно реновирања на електрика, водовод, повторно малтерисување, или едноставно освежување на постоечкиот простор.
Завршени проекти









Контакт
Адреса
Улица 7 с. Батинци бр. 365, Скопје, Северна Македонија
Телефон
+389 71 556 321